Хадерсфилд – Лестер (16 часот)
Хадерсфилд е оддамна испаднат од Премиерлигата, па ако има мотиви за игра, тоа е само за публиката и евентуално да му се предаде фенерот на Фулам.
Домаќините нанижаа четири порази по ред, но има мал напредок во играта со новиот тренер Јан Сајферт. Германецот инсистира на поофанзивен стил на игра, Хадерсфилд нема никаков притисок и ќе го нападне Лестер.
Гостите се во серија од три победи, а и никогаш не загубиле од денешниот ривал во меч од Премиерлигата. Лисиците имаат подобар тим и се поблиску до бодовите. Очекуваме да победат во ефикасен меч.
Предлог тип: 2&ГГ (3.80)
Јувентус – Милан (18 часот)
Дербито на двете најтрофејни екипи во Италија ќе се игра во невообичаени околности. Јувентус повеќе ќе мисли на првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс на 10. април, но ќе сака и да го победи големиот ривал.
За Милан ова е еден од најважните мечеви сезонава и ако остане непоразен во Торино ќе биде на чекор до настап во Лигата на шампионите. Иако за домаќините навидум ова е неважен меч, дерби си е дерби и ќе се оди на победа. Не треба да се заборави и ривалитетот меѓу двата града, не само на спортски план.
Двете екипи вкупно во сите натпреварувања комбинираат над 100 трофеи во богатите колекции. Јувентус има 66 на сите полиња, а Милан 48.
Ова ќе им биде вкупно 287 натпревар во сите конкуренции и 168. во Серија А. Јувентус е поуспешен и води со 64:53 во победи во Калчото и со 106:86 ако се сметаат сите нивни меѓусебни дуели.
Голем проблем за Милан е што во последно време нема рецепт за победа против Јуве и нанижа 7 порази по ред во меѓусебните дуели. Повторно предност има Старата дама, но Милан може да стаса до реми.
Предлог тип: 1Х&2-4 гола (1.95) Квота на денот
Баерн – Борусија Дортмунд (18.30 часот)
Време е за популарното „Der Klassiker“ или германскиот фудбалски класик меѓу двете најуспешни екипи екипи откако е формирана Бундеслигата во 1963 година. Заедно освоија 21 титула од последните 24 во германското првенство.
Ова е мечот на сезоната за двете екипи и може да ја одлучи и титулата. Особено ако Борусија успее да го прегрми Минхен денеска и ја задржи предноста од два бода, или со победа ја зголеми на пет.
И двете екипи имаат големи проблеми пред големото дерби, а повредите ги мачат и Баерн и Борусија. Кај домаќините неизвесен е настапот на Алаба, голманот Нојер, Робен, Толисо и Родригес. За Борусија сигурно нема да игра Хакими, а под знак прашалник е и настапот на Алкасер, Пишчек, Пулишиќ и Филип.
И десеткувани, двата тима немаат многу можност за калкулации. Можеби гостите и можат да одат на реми, но Баерн нема таква ситуација за евентуално да чека еден гол за победа. Баварците мораат во офанзива, бидејќи имаат два бода помалку од големиот ривал за титулата.
Предлог тип: 1Х&ГГ (1.90) Квота на денот
Рајо Валјекано – Валенсија (18.30 часот)
Столе Димитриевски ќе биде на големо искушение против напаѓачите на Валенсија, екипа која ја има најдолгата серија од 17 натпревари без пораз во Топ-5 лигите во Европа.
Лилјаците направија чудесен пресврт и сега се во опасен налет кој ги води кон Лигата на шампионите. Тренерот Марселињо беше пред отказ, но сега е во комотна позиција по серијалот 17 без пораз.
Двете екипи се комплетни, а Валенсија е фаворит. Рајо има само едно реми и 8 порази на последните девет натпревари во Ла Лига и овој меч им е веројатно и последна шанса со победа да ги продолжат надежите за опстанок.
На последните 7 меѓусебни дуели со Валенсија немаат ниту една победа, но имаат четири ремија, па сега ќе се обидат да прекинат две црни серии и да приредат подвиг. Сепак гостите се и поквалитетни и во победнички тренд и се фаворити на „Валјекас“.
Предлог тип: 2 (2.02)
Барселона – Атлетико Мадрид (20.45 часот)
Гостите имаат супер спомени од „Камп Ноу“, а љубителите на фудбалот се сеќаваат на ремито 1:1 во мај пред пет години. Бод со кој Атлетико Мадрид ја освои јубилејната десетта титула во Шпанија и прва по пауза од 18 години.
И ривалитетот меѓу двете екипи расте во последно време, бидејќи Атлетико имаше доста успеси и на домашна сцена и во Лигата на шампионите, па им стана достоен конкурент на Барселона, Реал Мадрид, а тука се вклучи и Севилја.
Со победа Барселона ќе ги разреши сите дилеми околу шампионската титула, а ако гостите успеат да го освојат „Камп Ноу“ трката ќе продолжи. Мечот е значаен и типуваме дека Барселона нема да загуби во дерби со малку голови.
Предлог тип: 1Х&0-1 гол прво полувреме (1.95) Квота на денот