Ерсун Јанал не попушта и повторно не му даде шанса на Елиф Елмас да игра за Фенербахче, а турскиот гигант се спаси од пораз против Анкарагучу.
Домаќините поведоа во првиот дел, турскиот гигант израмни во вториот дел, а грижите за опстанокот останаа во таборот и на двете екипи.
Елмас втор меч по ред остана на клупата и не доби шанса да игра, што е потврда на најавите од Турција дека Јанал не смета на него. Иако европските гиганти се заинтересирани за Елиф, кој е еден од најдобрите млади играчи во Европа, квалитетити и талентот на нашиот репрезентативец не ги цени тренерот на Фенербахче. Клуб кој има 32 бода, само пет повеќе над зоната за испаѓање и со најлош пласман во историјата на клубот.
Моментно Фенер е на 13. позиција, а никогаш во историјата не завршил првенство под 10-то место, па на 7 кола до крајот на првенството се пред најголемиот неуспех досега.