Ѓаволски тешка работа е да се победи Барселона

Дуисбург – Келн (18.30 часот)

Ова во минатите времиња беше Бундеслигашки дуел, но и двете екипи сега играат во популарната Цвајта и се во сосема различни позиции.

Келн е во опасен налет и има шест победи по ред, а ако и вечер успее да ги освои бодовите, не му бега промоција во Бундеслигаш.

Популарните „јарци“ со 70 голови се убедливо најефикасниот тим во Лигата. На 7 од последните 8 мечеви даваа минимум по два гола, а на пет од шест водеа и на полувреме и победуваа на крај.

Дуисбург го дели последното место заедно со Инголштад, екипа од која беа поразени во дербито на дното со 2-4.

„Зебрите“ се најнеефикасниот тим во Втората германска лига само со 26 погодоци на 27 натпревари. Се наоѓаат во криза, а и Келн е поквалитетен тим, па типуваме гостинска победа.

Предлог тип: 2-2 (2.15)

 

Ротерам – Астон вила (20.45 часот)

Гостите играат одлично во финишот на сезоната и наредија шест победи во серија и имаат 7 меча по ред без пораз. Блеска младинскиот репрезентативец Теми Абрахам, кој е втор стрелец во Шампионат лигата со 23 погодоци.

Астон вила го има третиот најефикасен напад и ако играа вака во подолг дел од сезоната, ќе беа кандидати за директен пласман во Премиер лигата. Моментно се на шестата позиција, последна која води во баражот за последното место во најдобрата англиска лига.

Ротерам се бори за опстанок и ова му е еден од клучните мечеви. Мала предност за нив е што кај Вила има доста повредени играчи, дел од нив и неизвесни за настап. Керол, Хатон и Ниланд сигурно нема да играат вечерва, а Честер, Хаус и Калиниќ се под знак прашалник.

Сепак, и со вакви проблеми Астон вила е фаворит, но можеби и најдобра варијанта е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.90) Квота на денот

 

Норвич – Ридинг (20.45 часот)

„Канаринците“ летаат високо сезонава во Шампионат лигата и веќе денеска со нова победа можат да дојдат на еден чекор до промоција во нови премиерлигаши.

Германската колонија на „Кероу роуд“ функционира беспрекорно предводена од тренерот Даниел Фарке.

Стиперман, потоа и некогашниот голем талент на германскиот фудбал Лејтнер, па Ернандес, Трибул и капитенот Цимерман се важни алки во составот на првопласираната екипа. Сите петмина имаат германски пасош, но сепак главна марка во тимот е одличниот Финец Тему Пуки. Пуки пука рафално во втората по квалитет лига во Англија и е прв стрелец со 26 погодоци. Норвич со него како предводник на нападот е најефикасната екипа во Лигата. Досега постигнаа 82 гола на 40 натпревари и офанзивниот пристап што го форсира Фарке им носи резултат.

Ако го победат Ридинг, а се големи фаворити, на пет кола до крајот ќе имаат 8 бода предност пред Лидс и најмалку 7 пред Шефилд јунајтед, екипа која вечерва го игра својот меч од 41-вото коло.

Норвич има серија од 8 победи по ред, а на прагот е и на деветка.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.18)

 

Ајакс – Јувентус (21 часот)

Амстердам повторно е во транс, а слична е ситуацијата и во Торино. Двете екипи играат одличен фудбал, а вечерва почнува двомечот, во кој на хартија Јувентус е голем фаворит.

Ајакс најдобро се снаоѓа во таква ситуација кога е потценет. Тоа најдобро го почуствува актуелниот првак Реал Мадрид, а и против Баерн во фазата по групи, „копјаниците“ одиграа одлично и на двата меча.

Сега на ред е Јувентус, како нов голем предизвик за опасниот состав на Тен Хаг. Ајакс има одлични индивидуалци и потенцијал што е огромен, но и што по навика се распродава. Де Лихт, Зијеч, Нерес, Де Јонг…се цел на европските гиганти. Вредат многу, но Јувентус сезонава е решен да ја освои титулата и меѓу главните фаворити. Кристијано Роналдо одлично се вклопи во тимот и ако тој одигра како што знае, Јувентус може да оди докрај и да се качи на тронот по третпат во историјата.

Предлог тип: X2&2+ (1.80) Квота на денот

 

Манчестер јунајтед – Барселона (21 часот)

„Црвените ѓаволи“ добија ѓаволски тежок ривал на ждрепката во Нион, но сепак сега се во многу подобра ситуација со Оле Гунар Солскјер на кормилото. Успеаја да приредат подвиг против Пари Сен Жермен, па сега зошто да не се обидат и против првиот фаворит за европската круна.

Ако Солскјер најде спас за незадржливиот Лионел Меси, Јунајтед има шанса и против Барселона. Иако Каталонците им се еден од најнезгодните ривали во Европа и имаат само една победа во 7 меча во Лигата на шампионите.

Проблем за англискиот тим може да биде повредата на глуждот на Маркус Рашфорд. Кај Барса, Дембеле е неизвесен за настап, но гостите имаат адекватни замени. И се фаворити за пласман во полуфиналето, па и за победа на „Олд Трафорд“, особено ако Меси одигра на препознатливо ниво.

Предлог тип: Т2&ГГ (2.60) Квота на денот

 

 

- Оглас -

Најнови вести