Вуковиќ ја освежи Легија, Погон ќе падне во Варшава

Панче Ќумбев очекува доминација на домашните екипи на неговиот нов викенд-тикет со пет предлог-парови од европските лиги.

Типува на триумф на Легија Варшава, каде што од пред две кола тренер е Александар Вуковиќ, неговиот некогашен соиграч од полските фудбалски денови минати во Легија, а вели дека и Марсеј, Лех и Торино ќе ги освојат бодовите на свој терен. Вердер е фаворит против Фрајбург во меч од Бундеслигата и тука Ќумбев прогнозира дека ќе има најмалку два гола во мрежата на гостинскиот тим.

 

Вердер – Фрајбург (сабота, 15.30 часот)

Вердер игра одлично дома додека Фрајбург се мачи на гостувањата оваа година и има само две победи на 14 натпревари. Иако е незгоден ривал за Вердер и на последните пет меча е непоразен на „Везер“ во Бремен, овде мислам дека домашната екипа ќе постигне најмалку два гола. И очекувам да ја сопре серијата без триумф против Фрајбург на свој терен што е актуелна од 2013 година.

Предлог тип: T1 2+ (1.58)

 

Марсеј – Ним (сабота, 17 часот)

Домаќинот мора да победи доколку сака да остане во трката за места кои водат во европските купови. Гостинот, од друга страна, е без императив и ќе дојде да се надигрува на Велодром. Ним игра одлично во првата француска лига по ланската промоција, но сепак Марсеј е фаворит.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Легија – Погоњ (сабота, 18 часот)   

Легија по смената на тренерот Са Пинто, конечно почна да заличува на шампионскиот тим од минатата година.
Сегашен тренер е легендата на Легија, Александар Вуковиќ, мој соиграч и добар пријател. Знаејќи каков професионалец е, верувам дека ќе ја освои титулата во Полска. Типувам единица со најмалку два гола во мрежата на гостинот.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.90)

 

Лех – Јагелонија (сабота, 18 часот)    

Лех е во незавидна позиција и мора да победи доколку сака да обезбеди место во  плејофот во полската Екстракласа. Ова е последно коло пред поделбата на табелата и мислам дека Лех на домашен терен ќе го совлада гостинот.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Торино – Калјари (недела, 12.30 часот)

Торино сè уште е во борба за да фати приклучок за местата кои водат во европските купови и затоа мислам дека е апсолутен фаворит на овој дуел. Популарните „бикови“ дури имаат шанса да атакуваат на позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Гостите се релативно безбедни во битката за опстанок и можат да играат без притисок, но Торино е поквалитетна екипа и очекувам да ги освои бодовите.

На страната на фаворитот е и традицијата и серијата од 8 меча без пораз против тимот од Сардинија. Калјари не го победил Торино од 2013 година, не верувам дека ќе го стори тоа и во недела.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести