Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Тејлор Фриц со 2-0 во сетови (6-3, 6-0) за пласман во четвртфиналето од АТП 1000 турнирот во Монте Карло. Српскиот тенисер речиси немаше проблеми против 65-то рангираниот тенисер, средбата ја заврши точно за 70 минути.
Во првиот сет силите беа израмнети до 2-2 во гемови, а потоа Ѓоковиќ со два брејка стигна до 5-2. Фриц успеа да врати еден украден сервис, но веќе наредниот негов го загуби, по што Новак поведе со 1-0 во сетови. Далеку послаб беше Американецот во вториот сет, му дозволи на првиот светски рекет да дојде до три последователни брејка, односно Ѓоковиќ го доби сетот со 6-0.
Противник за пласман во полуфиналето на Ѓоковиќ ќе му биде Данил Медведев, кој претходно беше подобар од Стефанос Циципас со 2-1 во сетови.