Фоњини е новата пречка на Надал до финалето во Монте Карло

Фабио Фоњини го доби четвртфиналниот дуел против Борна Чориќ со 2-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-2) по точно два часа игра. Италијанецот мораше да надополни негатива од еден сет, откако Хрватот отвори фуриозно и за помалку од половина час дојде до предност по првиот сет.

Чориќ направи брејк веднаш на стартот од вториот сет, но потоа освои само уште еден гем, додека Фоњини одговори со два брејка и израмни на 1-1. Во третиот и одлучувачки сет подобро започна италијанскиот тенисер, со два нови брејка дојде до убедливи 4-1 во гемови, а потоа ја искористи третата меч топка.

Фоњини на тој начин си закажа полуфинале против Рафаел Надал, а средбата е закажана за утре со почеток од 15:30 часот. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Данил Медведев и Душан Лајовиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести