Џанлуиџи Буфон најверојатно само по една сезона помината во Пари Сен Жермен, ќе се врати во Јувентус. Легендарниот голман нема да се врати како голман туку како директор во клубот каде што помина повеќе од 15 години играчка кариера.
Во ПСЖ, Буфон помина само една сезона, а во договорот му стои дека францускиот шампион може да му ја продолжи соработката на уште една сезона. Сепак, многу веројатно е дека тоа нема да се случи и популарниот Џиџи ќе се врати во Италија.
Главна цел на Буфон за да игра во ПСЖ беше надежта дека со „светците“ може да ја освои Лигата на шампионите. Сепак тоа не се случи и сега 41-годишниот чувар на мрежата ќе ја заврши кариерата. Ако биде потврдено дека веќе нема да брани, Буфон ќе се врати во Јувентус, каде што го чека директорска позиција во најтрофејниот клуб во Италија.
Се чека само Буфон да даде конечна одлука за тоа дали ќе оди во пензија или ќе остане на теренот.