Харден се налути, Голден Стејт не можеше да го сопре (Видео)

Хјустон на свој терен славеше против Голден Стејт со 126:121 и намали на 1:2 во победи, во полуфиналето на западната конференција. „Ракетите“ го одбранија домашниот терен дури по продолжение од пет минути, откако во регуларниот дел беше 112:112.

Во поголем дел од средбата, Хјустон имаше предност, но таа не беше сериозна, па гостите лесно се вратија во игра за победа. Голден Стејт имаше и предност од 112:110,  Харден погоди две слободни фрлања на 45 секунди до крајот, а потоа резултатот не се промени, па мораше да има продолженија.

Во клучните моменти Харден даде пет поени во низа, а Стеф Кари на спротивната страна промаши чисто забивање и победникот беше познат.

Харден на крајот заврши со 41 поени, а одличен беше и Ерик Гордон кој имаше личен рекорд од 30 поени во плејоф меч. Кај Голден Стејт, Кевин Дурант со 46 поени беше најефикасен, но тоа не беше доволно, посебно што своја вечер немаше Стеф Кари, кој погоди само 7 од 23 удари од поле и заврши со скромни за него 17 поени. Кари промаши и две чисти ситуации во продолжението, што на крајот се покажа и како клучно за пораз на „воините“. Грин имаше трипл-дабл со 19 поени, 11 скока и 10 асистенции, но тоа што е најважно Хјустон победи и намали на 1:2 во серијата подобар од седум.

 

 

- Оглас -

Најнови вести