Компани: Сите ми викаа „Не шутирај, не шутирај“, а тоа ме нервира

Манчестер сити се намачи во дуелот против Лестер, но на крајот стигна до многу значајна победа од 1-0. Со овој триумф, „граѓаните“ повторно се вратија на челното место во Премиер лигата и имаат еден бод повеќе од Ливерпул. До крајот на првенството, останува само уште едно коло, што значи дека Сити треба да ги освои трите бода и тоа ќе биде доволно за да ја одбрани титулата. Во последното коло, Сити гостува кај Брајтон.

Шампионот многу се намачи против Лестер, а победата стигна благодарение на евроголот што го постигна дефанзивецот Компани. Тој упати вистински проектил од околу 30 метри, што беше неодбранливо за гостинскиот голман. Погодокот може да го погледнете ТУКА. Херојот на Сити открива дека никој не верувал дека може да постигне гол.

„Малку сум и фрустриран бидејќи сите ми викаа да не шутирам. Тоа навистина многу ме чуди, но и ме нервира. Си помислив дека не стигнав толку далеку во кариерата за да ги слушам сега младите играчи да ми викаат како не треба да шутирам“, вели Компани.

Спротивно на оваа изјава на Компани е Бернардо Силва. „Извини Вини, но тоа не е вистина“, рече Силва, по коментарите кои ги слушна од неговиот соиграч.

 

 

- Оглас -

Најнови вести