Кратко траеше еуфоријата на „Амекс“ стадионот, Манчестер сити го сврте резултатот во своја корист со 2-1, по погодокот на Емерик Лапорт. Дефанзивецот на гостите беше највисок по изведениот корнер и ја затресе мрежата на Брајтон, а со овој гол Сити повторно е лидер на табелата пред Ливерпул со еден бод повеќе.
Претходно за 1-1 погоди Агуеро, а 10 минути подоцна актуелниот првак доаѓа до важно водство. Ливерпул пак, иако води со 1-0 против Вулверхемтон, победа нема да биде доволна за шампионската титула доколку Сити ги освои трите бода во Брајтон.
https://www.dailymotion.com/video/x784ick