Речиси нема позиција на која Реал Мадрид летово нема да продаде или купи нов играч, па за левата бековска позиција ќе конкурираат неколку фудбалери.
Тренерот Зидан најави дека има доверба во Марсело и сака да го задржи во Реал, но можеби тоа е само блефирање. Младиот Серхио Регилон го засени Марсело во времето кога на клупата беше тренерот Солари, но враќањето на Зидан значеше дека повторно Бразилецот изби во преден план. Се шпекулира дека Зидан сака да го позајми Регилон во некој друг клуб за да собере искуство и размислува како конкуренција на Марсело, да донесе нов играч.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Зидан сака да го донесе Ферлан Менди од Лион, 23-годишниот лев бек кој не е баш ефтин и за него францускиот клуб бара околу 50 милиони евра. Сезонава Менди имаше по три гола и асистенции. Неговиот агент изјави дека откако Менди дебитирал за француската репрезентација, „половина Европа го бара“ и го пофали дека е комплетен лев бек, комбинација од Марсело и Кристијан Киву од најдобрите денови.