Европа ќе добие нов првак – Де Коло режисер на елиминацијата на Реал

ЦСКА Москва ќе биде противник на Анадолу Ефес во големото финале во Евролигата, откако рускиот гигант го совлада актуелниот шампион Реал Мадрид со конечни 95:90. Армејците успеаја да им се реваншираат на избраниците на Пабло Ласо за поразот во ланското полуфинале, по кое Реал подоцна стигна до 10-тата континентална титула.

Кралевите доминираа речиси цел, имаа контрола врз резултатот повеќе од 30 минути. Најсериозната предност ја направија во средината од третиот период и имаа +14 поени разлика. Меѓутоа, кошаркарите на Итудис не се предадоа, па со сите напори се вратија во игра, а кога беше најпотребно се разигра главниот адут на ЦСКА, Нандо Де Коло.

Французинот прво погоди значајна тројка со која ЦСКА дојде до прво водство во второто полувреме при 87:85,  а потоа беше прецизен во два наврати од линијата за слободни фрлања. Љуљ погоди тројка на 15 секунди до крајот и го доведе Реал на половина кош негатива, меѓутоа тоа не беше доволно за пресврт.

Де Коло и Родригес реализираа по 23 поени, а Клајбурн додаде 18 поени. Од редовите на Реал, Козер беше најефикасен со 18 поени, додека 13 поени беа дело на Љуљ.

Финалниот дуел меѓу ЦСКА Москва и Анадолу Ефес е закажан за недела во 20:30 часот, а претходно Фенербахче и Реал Мадрид ќе се надигруваат за третото место.

 

- Оглас -

Најнови вести