Кошаркарите на Панатинаикос излегоа на терен, за секој случај, иако беше познато дека нивните големи ривали во грчкото првенство, играчите на Олимпијакос нема да дојдат на новото големо дерби.
Денеска од 18 часот требаше да се игра првиот меч од четврт-финалето во грчкиот плејоф за титулата, но претставниците на Олимпијакос ја продолжија војната со Грчката федерација и не излегоа на терен.
Сега веројатно им следи преселба во понизок ранг, а проблемите на повеќекратниот грчки првак и екипа што има и европски трофеи почна во полуфиналето на Грчкиот куп.
Оттогаш течат големите недоразбирања меѓу двете страни, што кулминира со денешното непојавување на првиот четврт-финален меч.
Τέλος στο διπλό… 79-75 υπέρ των πράσινων που… υπερασπίστηκαν την έδρα #paobc #paooly pic.twitter.com/gD34P85Cqm
— Kostas Giataganas (@kgiata) May 20, 2019