Парехо: Едвај преживеав, сакав да го задавам Гуедеш за утките

Дани Парехо го крена трофејот на Валенсија во Копа Дел Реј, како капитен на тимот, но преживуваше тешки моменти, откако беше заменет на дуелот со Барселона.

Излезе од игра во 65. минута при резултат од 2:0, но само 8 минути подоцна Меси намали и драмата во Севилја кулминираше.

„Едвај издржав на клупата. Многу беше тешко да се следи мечот. Ми доаѓаше пак да се вратам на терен и да им помогнам на соиграчите“, изјави Парехо.

И на шега веднаш го спомна Гонкало Гуедеш, играч кој утна две чисти шанси, особено таа во последната минута од продолжението, кога беше сам пред голот на Барселона, но не успеа да погоди.

„Да и сакав да влезам на терен и да го задавам Гуедеш“, се пошегува капитенот на Валенсија.

Парехо е член на Валенсија од 2011 година и ова е прв трофеј за него со клубот за кој има скоро 250 натпревари.

Валенсија слави 100 години од постоењето и пехарот што вчера го освои ќе биде круна на јубилејот.

 

- Оглас -

Најнови вести