Некогашниот креативец на Барселона, Чави Ернандес, од денеска започнува нов предизвик. Шпанецот и официјално е назначен за тренер на Ал Сад во Катар. Речиси цела кариера Чави ја помина во Барселона, а кога реши да си замине од „Камп Ноу“, се пресели во Катар.
За Ал Сад играше од 2015 година, а минатата сезона ја освои азиската Лига на шампиони. Чави одигра 86 настапи за Ал Сад, а последен пат на теренот беше пред неколку дена, кога и официјално најави дека тоа е крајот на неговата играчка кариера.
Чави со Барселона дури осум пати беше првак на Шпанија, а се има радувано и на титули во Лигата на шампиони Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство, Купот на Шпанија. Со националниот тим на „црвената фурија“ беше европски и светски првак. Едноставно Чави ги освои сите највредни трофеи во својата играчка кариера, а сега започнува еден друг предизвик – тренерскиот.