Познато е кои ќе бидат првите три принови во Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе го претстави Еден Азар следата недела, поточно на 3 јуни, тврдат од весникот „Ас“, а после Белгиецот, редот да потпишат ќе им дојде на левиот бек на Лион, Ферлан Менди, и напаѓачот на Ајнтрахт, Лука Јовиќ.

Азар вечерва во финалето на Лига Европа ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на Челзи. Потоа, нема да има пречки да се објави неговиот трансфер во „кралскиот клуб“. Доколку нема никакви проблеми, Белгиецот пред новинарите и навивачите ќе позира со белиот дрес на Реал на 3 јуни. Азар играше за „сините“ од Лондон од 2012 година.

После ова, се планира да се официјализираат договорите и со Јовиќ и Менди, а претставување ќе има и за младиот бразилски напаѓач Родриго кој доаѓа од Сантош, но можеби ќе биде позајмен. Позајмица се подготвува и за Серхио Регилон, кој иако играше добро, сепак Зинедин Зидан сака леви бекови да бидат Марсело и Менди, а Регилон да го врати следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести