Приновата на Вардар, Германецот Кристијан Дисингер, се запозна со клубот во кој треба да остане најмалку две сезони. Неговите први реакции се дека со нетрпение очекува да заигра за Вардар и да се запознае со навивачите.
„По три години поминати во Кил, со сите подеми и падови, среќен сум што Вардар ми дава нова ракометна шанса. Кил има одлични фанови, но навивачите на Вардар се апсолутно број 1 во Европа. Јас навистина со нетрпение очекувам да ја запознаат ова земја, народот, културата, големите навивачи и целиот тим на Вардар. Ќе дадам сè за клубот и се надевам дека можам барем малку да придонесам во успешна сезона“ – изјави Дисингер.
Дебито во црвено-црниот дрес ќе го има на 16 октомври на гости против Загреб во СЕХА лигата, а во Скопје ќе може да заигра на 3 ноември во Лигата на шампионите против Мешков Брест.