Лион и Реал Мадрид се договорија за дефанзивецот

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се согласил да плати 55 милиони евра како оштета на Олимпик Лион, за да го добие договорот на дефанзивецот Ферлан Менди. Францускиот репрезентативец ги има договорено личните услови со гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ и треба да потпише договор кој ќе го обврзе да биде во Мадрид до 2025 година.

Менди имаше добра сезона, беше еден од клучните играчи во дефанзивната линија на Лион и помогна тимот да стигне до Лигата на шампиони. изминатава сезона одигра вкупно 30 меча во француското првенство, а иако е дефанзивец, успеа да даде и два гола.

Реал Мадрид со доведувањето на Менди само потврдува дека создава нов тим за следната сезона кој треба да биде конкурентен на Барселона во првенството, а на европско ниво да се обиде повторно да триумфира во Лигата на шампиони.

Промоцијата на Менди во Реал нема да се случи се додека трае репрезентативната обврска. Франција во неделата играше пријателска со Боливија, а Менди одигра 20-тина минути. „Галските петли“ сега се подготвуваат за дуелите од квалификациите за ЕП 2020, против Турнција на 8 јуни и против Андора на 11 овој месец.

 

- Оглас -

Најнови вести