Косовска шлаканица за Бугарите, Србите немаа со кого да се израдуваат

Косово славеше над Бугарија во Софија со 3-2, со голот на Рашани во 92-рата минута, и дојде до првата победа во овој циклус, но во три меча во една тешка група, нашиот ривал во полуфиналето на Лигата на нациите не знае за пораз. Косово освои четири бода на два меча против Бугарите, а одигра нерешено со Црна Гора, па сега е во ситуација да се бори со Чешка за второто место, по фаворитот Англија.

Србија даде 4 гола против Литванија и победи со 4-1, што е прва радост за Србите, но средбата се играше пред празни трибини на „Рајко Митиќ“, па домашните фудбалери немаа со кого да ја споделат радоста. Во нивната група Б, Украина е лидер откако освои нови три бода, па Португалците и Србите ќе се борат за втората позиција.

Во групата на Македонија, избраниците на Игор Ангеловски паднаа на петто место откако Полска го декласираше Израел со 4-0, а Словенците со 5-0 триумфираа во Летонија.

- Оглас -

Најнови вести