Чави: Катарците стануваат како НАСА за фудбал

Чави Ернандес вели дека катарскиот фудбал напредува со огромни чекори, а проектот „Аспајр“, кој беше промовиран во 2004 година моментно е НАСА за светскиот фудбал.

„Тоа е спектакуларен проект во катарскиот фудбал. Има најсовремени услови со Академија за фудбал што е на рамниште на НАСА технологијата. Уникатен проект што му носи на Катар огромен напредок. Тоа е подобро и од познатата Академија Ла Масија на Барселона“ вели Чави.

Тој ја заврши кариерата во Ал Сад и сега е тренер на еден од најпознатите катарски клубови и одлично ги познава приликите во тамоѓнито фудбал. Катар ќе биде домаќин на Мундијалот во 2022 година, а репрезентацијата запиша историја со освојување на титулата на шампионатот на Азија.

„Со вакви услови за работа што ги наметнаа во младинските категории успехот на Катар не е изненадување, а нема да биде сензација и ако во иднина бидат и светски прваци“, вели легендата на светскиот фудбал.

Катар доби и покана за настап на Копа Америка и вечерва од 21 часот ќе игра со гигантот Аргентина. Со победа Катарците би играле во осминафиналето, што би бил нов голем успех.

 

- Оглас -

Најнови вести