Неодамнешниот член на Милвоки бакс, Никола Миротиќ, е на прагот да потпише договор со Барселона. Родениот Црногорец кој е репрезентативец на Шпанија, одлучи да се врати во земјата каде ја започна кошаркарската кариера откако летово стана слободен агент. Иако потекнува од школата на Реал Мадрид, враќањето во Европа ќе го одбележи во дресот на најголемиот ривал на Кралевите.
За крилниот центар се интересираа Јута џез и Далас маверикс, од кои можеше да добие повеќегодишен договор со вредност од 50 милиони долари, но за да стане Каталонец ќе се согласи на многу помала плата.
Со овој ангажман Барселона експресно се наметна меѓу фаворитите за освојување на титулата во Евролигата во новата сезона, а секако ќе атакува и на нова титула во Шпанија, откако сезонава загубија од Реал Мадрид во финалната серија.
Миротиќ изминатава сезона запиша вкупно 46 настапи за Пеликанс и Бакс, во кои одржуваше просек од 15,2 поени по натпревар.
NBA free agent Nikola Mirotic has decided to sign with Euroleague club Barcelona, sources tell @TheAthleticNBA @Stadium. Mirotic was in the market for $45-50M total in contract in the NBA.
— Shams Charania (@ShamsCharania) June 29, 2019