Дембеле ги изненади Каталонците

Крилниот офанзивец на Барселона, Усман Дембеле, пријатно ги изненади сите во клубот откако се појави една недела порано од останатите за да започне со претсезонските подготовки. Французинот си го скратил одморот со цел да им покаже на челниците на клубот дека повеќе не е несериозното дете кое доцнеше речиси на секој тренинг во изминативе две сезони.

Дембеле дури побарал од клубот да му озвозможат тренер со кого ќе може да тренира во спортскиот комплекс на Барса. Се чини дека шпекулациите околу можна продажба го разбудија Дембеле од детскиот сон, па тој сака да покаже дека сериозно ја сфатил работата и е подготвен да даде сè од себе за шпанскиот првак.

Фудбалерот се повреди кон крајот на минатата сезона и до пред извесно време се мачеше со повреда на задниот дел на бутниот мускул, што е една од причините што порано започна со тренинзи.

Барселона следната недела ќе ги започне претсезонските подготовки на турнеја низ Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести