Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар најави дека уште шест дена нема да се појави на тренинг во Пари Сен Жермен, но очигледно не е многу загрижен што ќе добие парична казна од клубот во износ од 375.000 евра.
Тој е во Торино, каде што заедно со Кристијано Роналдо снимаа реклама, само не се знае дали е онаа каде што „боксуваат“ во ринг еден против друг или друга. Заедничката фотографија на двете ѕвезди и еден близок пријател на Португалецот кој е во средина беше доволна причина да почнат шпекулации за можен сензационален трансфер на Неј во Јуве. Нејмар играше заедно со Меси, можеби би се обидел и со Роналдо. Сепак, засега нема ништо такво и присуството на Бразилецот во Торино е само за маркетиншки цели.
Нејмар сака да си замине од Париз, но клубот не сака да се откаже од него толку лесно. Но, ако се најде некој што би платил околу 200 милиони евра за отштета, Светците би ја продале својата ѕвезда која преклани ја купија за 222 милиони од Барселона.