Харден облече дрес на Арсенал и покажа дека е „дрво“ за фудбал (Видео)

Ѕвездата на НБА-тимот Хјустон рокетс, Џејмс Харден, во рамките на промотивна кампања на една позната марка за спортска опрема го посети стадионот „Емирати“ во Лондон и облечен во дрес на Арсенал го покажа своето кошаркарско и фудбалско знаење.

Од тоа што може да се види на снимките, Брадата би требало да се држи до спортови во кои топката е во раце, а не во нозе.

Харден се дружеше со фудбалерот на „топчиите“, Рис Нелсон, па двајцата покажуваа колку (не)знаат со топка која не е од нивниот спорт. Харден се обиде да жонглира, да шутне на гол, да брани, но кога виде дека не му оди најдобро, почна топката да ја зема в раце.

Вака „жонглира“ НБА-ѕвездата:

https://twitter.com/i/status/1148629470812786691

 

- Оглас -

Најнови вести