Зрињски пресилен за Пандевци

Освојувачот на македонскиот куп за 2019 година, тимот на Академија Пандев претрпе убедлив пораз од 0-3 против Зрињски во првиот квалификациски меч од Лигата на Европа. Мечот кој се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Пандевци нема да го паметат по добро.

Гостите од Мостар веќе по половина час игра обезбедија двојна предност преку Хаџиќ и Мандиќ, додека Говедарица во 56-тата минута ги постави конечните 3-0, иако Зрињски можеше да триумфира уште поубедливо по неколку пропуштени шанси.

Инаку, денеска сите македонски претставници ги одиграа првите квалификациски натпревари во ЛЕ, во кои и Шкупи и Македонија Ѓорче Петров примија по три гола.

Реваншот во кој Академија Пандев на гости ќе брка негатива од три гола е закажан за 18 јули, со почеток од 19 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести