„Црногорскиот Кариус“ ги честеше чаирчани, но и ремито е премија за Шкупи (Видео)

Екипата на Шкупи одигра 3-3 на гостувањето кај ерменски Пјуник и има добри шанси да се пласира во следната фаза од квалификациите во Лига Европа, каде ги чека чешки Јаблонец.

Чаирчани лошо го почнаа мечот, брзо примија гол од пенал, но се консолидираа и благодарение на Бајрами и Илиески, го свртеа резултатот во своја полза и на полувреме заминаа со предност од 2-1. Бајрами изведе слободен удар откосо, блиску до аут линијата и нафрли, но никој не ја удри топката, ги изненади сите и влезе во голот. Потоа Илиески даде гол со глава во финишот на првото полувреме после корнер.

https://www.youtube.com/watch?v=TFT6qg7Q2Zw

Шкупи во 60-та минута даде и трети гол, поведе со 3-1, и тоа повторно од слободен удар на Бајрами, овојпат по средината на теренот, но од голема далечина. Голманот Драгоевиќ направи голема грешка, во стилот на Кариус од ланското финале во ЛШ, ја пропушти топката во гол и сино-белите од Чаир го имаа двомечот во раце.

https://www.youtube.com/watch?v=iAAjdpN5BkE

Сепак, во последните десет минути, дали поради слаба физичка подготвеност или нешто друго, Шкупи драстично падна и прими голови во 80 и 85 минута. Пјуник напаѓаше во завршницата, имаше шанси за победа со пресврт, но голманот Тулио спречи пораз на Шкупи. После овие 3-3, реваншот во Скопје ќе го одлучи патникот во следната рунда.

Ерменско-македонски дуел има и во моментов. Алашкерт води со 1-0 против Македонија Ѓорче Петров, а вечерва во Скопје, Акадмеија Пандев е домаќин на Зрињски.

- Оглас -

Најнови вести