Сакал-нејќел, Нејмар во понеделник ќе биде на тренинг на ПСЖ

Најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, Нејмар, во понеделник ќе се врати на тренинг на Пари Сен Жермен. Бразилецот веќе една недела доцни со подготовките на францускиот првак, но веќе утре ќе отпатува во Париз и ќе биде дел од тренингот на неговиот клуб.

Нејмар официјално побара да биде продаден, бидејќи веќе не сака да остане во ПСЖ, но засега „светците“ немаат добиено соодветна понуда. Барселона е желбата на Бразилецот, кој веќе е казнет со 375.000 евра, бидејќи не дојде на време за подготовките на новата сезона.

Преодниот рок во Европа ќе трае уште повеќе од еден месец, па многу лесно може да се случи Нејмар сепак да не игра за ПСЖ во новата сезона, туку да се врати во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести