Макси Гомес стана најскапиот „лилјак“

Максимилијано Гомес е нов играч на Валенсија, откако клубот од „Месталја“ ја активираше неговата клаузула. Неговиот сега веќе поранешен клуб Селта Виго доби 50 милиони евра, но и една година ќе смета на услугите на Санти Мина како позајмен играч од редовите на Лилјаците.

Уругваецот така стана најскап играч во клупската историја на Валенсија, а во петгодишниот договор ќе му стои енормна клаузула од 140 милиони евра. Минатата сезона Гомес покажа одлични напаѓачки способности постигнувајќи 15 гола и 5 асистенции на 35 лигашки натпревари за Селта, по што алармираше голем број на европски клубови.

И Вест хем притискаше за негов трансфер, но голема улога одигра фактот што Валенсија настапува во Лигата на шампионите, а Чеканите не се ниту во Лигата на Европа.

Инаку, Валенсија покрај Мина, се ослободи уште од еден непотребен играч – го продаде дефанзивецот Жејсон Муриљо во Сампдорија за сума од 12 милиони евра.

https://twitter.com/valenciacf/status/1150372191512551424

 

- Оглас -

Најнови вести