Алжир триумфираше со 2-1 против Нигерија во драматичната завршница во второто полуфинале на Афкон. Алжирците во финалето ќе се сретнат со Сенегал, кои претходно беа подобри од Тунис.
Ријад Марез, капитенот на Алжир, кој воедно е и прва ѕвезда на оваа селекција, постигна фантастичен гол од слободен удар во последната минута од судиското надополнување за конечни 2-1, па така Алжир за првпат по 29 години ќе се бори за титулата на африканскиот континент.
Претходно Еконг постигна автогол со кој Алжир поведе во 40-тата минута, а Игало израмни во 72-рата минута од белата точка.
https://www.youtube.com/watch?v=_Er97FALqFI