Академија Пандев претрпе уште еден пораз против Зрињски, со 3:0, во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. По двата меча, струмичани се елиминирани со вкупно 0:6, што доволно покажува дека едноставно беа недораснат ривал.
Вечерва Академија Пандев успеа да издржи едно полувреме без да прими гол, но на почетокот на вториот дел Зрињски го скрши отпорот на гостите. Говедарица продре по левата страна, центрираше кон петерецот, а таму Станиша Мандиќ погоди за радост на домаќините фанови.
Zrinjski – Akademija Pandev 1:0 pic.twitter.com/yZiHU1dRY9
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019
И во продолжението на дуелот домаќините ја имаа иницијативата, а тоа резултираше со уште еден погодок, и тоа на Говедарица во 79-тата минута.
Eurogol Govedarice! Zrinjski – Akademija Pandev 2:0 pic.twitter.com/G44VnkNnVC
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019
Да биде резултатот ист како пред една недела во Скопје, Зрињски се погрижи со погодок во 90+2 минута, а стрелец беше Гојковиќ.
Zrinjski – Akademija Pandev 3:0 pic.twitter.com/QjYYvU7kUR
— SportTime (@SportTi43915378) July 18, 2019