Нејмар не сака да остане во Пари Сен Жермен, но никако да најде клуб кој би го платил „богатството“ што францускиот првак го бара за заминување на Бразилецот. Самиот Нејмар најави дека сака да се врати во Барселона, но како опција се и Јувентус, па дури и Реал Мадрид.
Сепак, засега нема ништо конкретно, бидејќи ПСЖ бара 250 милиони евра за предвремен раскин на договорот на Нејмар. Бразилецот засега одбива да се приклучи на тренинзите на неговиот клуб, но Светците полека го губат трпението. Тие му дадоа ултиматум на Нејмар, до кога може да си замине.
Последниот рок во кој Нејмар може да најде нов клуб е 31 јули. Ако до крајот на месецов не се најде клуб што ќе ги плати бараните пари за првата ѕвезда на тимот, Нејмар и во следната сезона ќе остане во ПСЖ. Според дадениот рок, времето е навистина малку. Уште една недела има се најде „јунак“ што би успеал да ги плати парите за да го доведе еден од најдобрите играчи на денешницата.