Меси нападнат на Ибица додека се забавувал со Суарес, Алба и Фабрегас (видео)

Мегаѕвездата на Барселона Лионел Меси избегнал непосакувана ситуација откако врз него имало обид за физички напад од непознат сторител за време на забава на Ибица.

Аргентинецот вчера бил излезен со двајца соиграчи и еден поранешен клупски колега, Суарес, Алба и Фабрегас заедно со сопругите, но забавата за нив завршила порано откако еден човек му се приближил на Меси во обид да му наштети, но брзата интервенција на обезбедувањето спречило немили сцени. За среќа, Меси и останатите биле отстранети од толпата и без повреди.

Ова се случува само неколку дена по нападот врз играчите на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац.

Инаку, на Аргентинецот му заврши одморот во петокот и се врати во Шпанија, каде што во следните денови треба да им се приклучи на останатите од тимот на Барселона за почетокот на новата сезона.

https://twitter.com/BT_Clips/status/1155646267852066816?s=09

https://twitter.com/Team_10_Messi/status/1155580031650926592?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1155580031650926592&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxsportsasia.com%2Ffootball%2Fla-liga%2F1147868%2Fwatch-lionel-messi-involved-in-alleged-scuffle-while-partying-in-ibiza-security-get-involved%2F

- Оглас -

Најнови вести