Барселона тргнува во офанзива, подготвена официјална понуда за Нејмар

Барселона е подготвена да упати и официјална понуда до Пари Сен Жермен за да го врати Нејмар на „Камп ноу“. Бразилецот веќе два месеца јавно кажува дека сака да си оди од францускиот тим и голема желба му е повторно да биде дел од каталонскиот гигант.

Сепак, ПСЖ нема лесно да се откаже од Нејмар, иако најавите се дека Светците полека попуштаат. Иако го купија за 222 милиони евра пред две години, сега размислуваат да го продадат и за 180 милиони евра бидејќи се свесни дека фудбалерот едноставно нема да го дава максимумот ако остане на „Паркот на принцовите“.

И Нејмар е согласен да се откаже од дел од платата која сега ја добива во ПСЖ, па останува двата клуба да се обидат да постигнат договор. Челниците на Барселона и ПСЖ ќе имаат контакт на самитот на фудбалските велесили кој треба да биде во август. Според дел од шпанските медиуми, 16 август ќе биде клучниот датум за тоа дали ќе се оствари трансферот на Нејмар во Барселона или сепак и во новата сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести