Македонскиот првак Драгон ги заврши квалификациите за настап во Лигата на шампионите со трет пораз, вечерва од израелскиот тим АСА од Тел Авив со 0:7.
По првото полувреме резултатот беше 0:1, а во продолжението на нашиот претставник повторно му се случи дебакл и прими уште шест гола.
На трите дуели што ги одигра со Сараево, Брејдаблик и денеска со АСА, македонскиот првак има неверојатно лоша гол-разлика од 0:23, па мотото за нив е важно е да се учествува.
Со ваков биланс Драгон е меѓу најслабите екипи што учествуваа во квалификациската фаза по групи за настап во Лигата на шампионките.