Во Хјустон веруваат дека Џејмс Харден е подобар напаѓач од Мајкл Џордан

Генералниот менаџер на Хјустон рокетс, Дерил Мори, смета дека Џејмс Харден е најдобриот бек поентер во историјата на НБА лигата, подобар дури и од Мајкл Џордан.

„Харден е подобар од Џордан. Тој е број 1 во историјата на НБА, најдобар напаѓач дури и во историјата на Оклахома сити тандер од каде го донесовме во Хјустон. Едноставно му ја давате топката и тој генерира поени. Неверојатен е. Знам дека многумина не се согласуваат со мене, но ова се факти“ – вели Мори, кој ги зема во предвид поените, асистенциите, загубените топки и офанзивните скокови.

Џордан играше во едно друго време, кога се играше поцврста одбрана во НБА, со поинакви правила околу држењето на рацете околу човекот кој ја има топката, па не може да се каже колку поени тој би давал да играше во денешно време.

Фактите се следните: Џордан десет пати беше прв стрелец во НБА, Харден двапати. Во најефикасната сезона на Џордан тој даваше 37,1 поени по меч, а Харден просек од 36,1 поени. Џордан кариерата ја заврши со просек од 30,1 поен, а Харден во кариерата има 24,3. Џордан погодуваше 49,7 проценти од шутевите од поле, Харден досега има 44,3 отсто реализација.

- Оглас -

Најнови вести