Руни уште е силен како тенк (Видео)

Вејн Руни издржа само 24 минути на теренот на дуелот меѓу неговиуот Ди-Си јунајтед и Њујорк ред булс, а беше исклучен поради груб старт.

Во невообичаена ситуација како одбранбен играч во својот шеснаесетник грубо со раце го оттурна Касерес, а поради фаул во пределот на лицето, Руни веднаш доби црвен картон.

Ди-Си јунајтед загуби од Њујорк ред булс со 1:2, па Руни е еден од главните виновници за поразот од директниот конкурент во битката за позиции кои водат во плејофот и битка за титулата во МЛС-лигата.

Руни ја игра последната сезона за Ди-Си јунајтед бидејќи веќе се договори со Дерби каунти да биде играч и помошник-тренер на популарните Овни.

- Оглас -

Најнови вести