Европскиот ракометен првак Вардар го враќа Глеб Калараш во свооите редови. Калараш на социјалните мрежи се пофали со авионски билети од Москва до Белград и од Белград до Скопје и се очекува утре да потпише нов договор со Вардарци.
Калараш пред фајнал-фор-турнирот во Келн се согласи на заминување од Вардар и потпиша договор со Мотор Запорожје, но одлучи да го раскине договорот со Мотор и да се врати во црвено-црното семејство.
Рускиот пивот ќе биде еден од четворицата пикери кои тренерот Давид Писонеро ќе ги има на располагање. Освен Калараш, на истата позиција ги има и Стоилов, Сикошек Пелко и Горпишин. Се отвора можност Калараш да биде во комбинација за настап и на Суперглоуб. Тој ќе биде од голема помош во играта во одбрана, но и во нападот, на позицијата пивот откако Мораеш си замина во Веспрем, а капитенот Стоилов се мачи со незгодна повреда.