АБА 2 лигата ќе се игра во „балон“ по скратен систем?

Регионалната кошаркарска АБА 2 лига, во која македонски претставници ќе бидат нашите најтрофејни клубови Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, веројатно ќе се игра на необичен начин и со скратен систем, слично како НБА-лигата, со турнири во таканаречени „балони“.

Најавите се дека наместо предвидените 26 кола, во кои секој би играл со секого по еднаш дома и на гости, секој тим ќе игра по 13 меча во регуларната сезона, и тоа на два турнири, во ноември и јануари.

Потоа осумте најдобри во еден град во март би играле четвртфинале, полуфинале и финале. Овие дуели би биле елиминациски, би се играле два меча и победник е тимот со вкупно повеќе поени на двата меча. Деветтиот и десеттиот би ја завршиле сезоната по 13-те кола, а најслабите четири тима во март ќе се борат за опстанок.

Овој систем е побезбеден и поевтин (ќе требаше пред секој гостински меч сите играчи да се тестираат за ковид-19, што се големи трошоци), па затоа бил прифатлив за повеќето клубови, но одлуката мора да се потврди на Собрание на АБА-лигата. Лошо е што најверојатно ќе нема публика и скопското дерби би се играло во празна сала, и тоа големи се шансите тоа да биде некаде надвор од Македонија.

- Оглас -

Најнови вести