Абердин без Миовски со победа се прости од Лигата на конференции, Зрињски не загуби во дуелот со Астон вила

Екипата на Абердин со 2:0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт во последното шесто коло од групната фаза во Лигата на конференции, но го заврши настапот во Европа.

Шкотскиот тим, кој играше без својот најдобар напаѓач, македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, настапите ги заврши на третото место во групата Г со шест бода, а првите две позиции им припаднаа на ПАОК и Ајнтрахт.

Головите за Абердин ги постигнаа Дјук во 41-вата и Соклер во 74-тата минута.
ПАОК пред своите гледачи со 4:2 го победи ХЈК Хелсинки и го освои првото место во групата со 16 бода.

Најинтересно беше во групата Х, каде што лидерот Нордсјиланд по пет кола, на крајот заврши како трет. Данскиот тим загуби во Разград од Лудогорец и остана на 10 бода, додека бугарскиот шампион дојде до 12 бода, исто колку што освои и лидерот на табелата Фенербахче откако пред своите гледачи со 4:0 славеше над Спартак Трнава.

Изненадување приреди Зрињски, кој одигра 1:1 против Астон вила.

Резултати:

Група Е
Зрињски – Астон вила 1:1
Легија – АЗ Алкмар 2:0
Табела: Астон вила 13, Легија 12, АЗ Алкмар 6, Зрињски 4

Група Ф
Ференцварош – Фиорентина 1:1
Генк – Чукарички 2:0
Табела: Фиорентина 12, Ференцварош 10, Генк 9, Чукарички 0

Група Г
ПАОК – ХЈК Хелсинки 4:2
Абердин – Ајнтрахт 2:0
Табела: ПАОК 16, Ајнтрахт 9, Абердин 6, ХЈК Хелсинки 2

Група Х
Лудогорец – Нордсјиланд 1:0
Фенербахче – Спартак Трнава 4:0
Табела: Фенербахче 12, Лудогорец 12, Нордсјиланд 10, Спартак Трнава 1

- Оглас -

Најнови вести