Абердин конечно му посака добредојде на Миовски (видео)

Бојан Миовски конечно се појави во тренинг-центарот на Абердин, каде што ќе игра во следните четири години. По неговиот трансфер од тимот на Будимпешта, проблем правеше работната виза, но сега тоа се реши, па Македонецот може да ја почне својата нова фудбалска авантура.

https://twitter.com/AberdeenFC/status/1550408423220678656

Трансферот на Миовски изнесуваше 600 илјади евра, а за МТК запиша вкупно 60 настапи на кои реализира 19 погодоци со 10 асистенции. Бојан доколку е подготвен, ќе има прилика да дебитира во недела, кога Абердин ќе се сретне со Рaјт роверс во Лига купот.

- Оглас -

Најнови вести