Абрахам ја одби првата понуда на Челзи, сака поголема плата

Младиот голгетер на Челзи Тами Абрахам, ја одби првата понуда од клубот за продолжување на договорот. Наводно Англичанецот не бил задоволен од понудената плата и побарал примањата да му бидат исти со талентираниот Калум Хадсон-Одои.

Хадсон-Одои пред крајот на минатата сезона потпиша повеќегодишен договор со Сините според кој заработува 180.000 фунти неделно, висока сума за 18-годишен играч кој сè уште не е стандарден првотимец. Клубот сепак мораше да ги прифати овие услови бидејќи за неговиот потпис се интересираше Баерн Минхен.

По извесно време се покажа дека овој потег е проблематичен за Челзи, па сега и останатите играчи од академијата кои се прекомандувани во првиот тим сакаат да заработуваат што повеќе пари. На Абрахам актуелниот договор му истекува во 2022 година, така што клубот ќе продолжи со преговорите во следниот период.

Со доаѓањето на Френк Лампард на клупата Абрахам се најде меѓу младите членови кои добија шанса да играат за сениорскиот тим, па така запиша вкупно 34 настапи сезонава во кои реализира 15 погодоци, од кои 13 се во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести