Абрахам скапо го плати туркањето на тренерот на Фрајбург

Давид Абрахам, капитенот на Ајнтрахт Франкфурт, ќе паузира на седум меча и ќе мора да плати парична казна од 25 илјади евра поради инцидентот што го започна на дуелот со Фрајбург, кога го турна противничкиот тренер на земја.

Абрахам нема да може да игра веќе годинава, а првиот следен меч ќе му биде против Хофенхајм на 18 јануари. Ќе мора и да го одврзе ќесето за инцидентот што го предизвика во Фрајбург.

Капитенот на Ајнтрахт во самиот финиш од мечот што се играше изминатиот викенд во Бундеслигата грубо го турна Кристијан Штрајх.

Интересно е што и двајцата се познаваат од Швајцарија, бидејќи Аргенинецот Абрахам играше за Базел, а Штрајх беше тренер на Јанг бојс, две екипи што се големи ривали.

- Оглас -

Најнови вести