Статистиката е неумолива: Реал Мадрид е многу подобар без Мбапе!

Килијан Мбапе има одлична сезона во дресот на Реал Мадрид ако се гледа неговата статистика. Во 41 меч во сите натпреварувања, францускиот репрезентативец постигна 41 гол и е убедливо најдобар во Кралскиот клуб.

Сепак, ако се погледне тимскиот ефект, односно постигнатите резултат, посебно на последните 12 мечеви во кои Мбапе играл, односно не играл, статистиката е неумолива. Поради повреда, Мбапе пропушти шест од последните 12 дуели на Реал, а екипата без него во составот има перфектни шест победи. На шесте дуели на кои Мбапе играше, Реал се израдува само еднаш.

Токму затоа, во Шпанија се отоври дискусија дали Мбапе треба да игра на следниот дуел на Реал, а тоа е гостувањето кај Барселона на „Камп ноу“. Реал Мадрид мора да победи на теренот на својот најголем ривал ако сака да сопре да се радува на одбрана на трофејот во шпанското првенство, барем овој викенд.

- Оглас -

Најнови вести