Рафиња е решен да остане на „Камп ноу“

Бразилскиот фудбалер Рафиња е решен да остане во редовите на Барселона и покрај интересот од повеќе странски клубови, пренесува весникот „Ас“. Според информациите, дури три клуба од Саудиска Арабија се заинтересирани да го ангажираат 29-годишниот крилен напаѓач ова лето.

И покрај понудите, Рафиња не планира да ги разгледува бидејќи е задоволен од животот и статусот во Барселона, каде што ужива целосна доверба од соиграчите, стручниот штаб и навивачите.

И раководството на каталонскиот гигант е информирано за неговата желба да остане на „Камп ноу“. Иако постојат шпекулации дека клубот би можел да разгледа понуди, засега не се очекува негова продажба.

Во тековната сезона, Рафиња има 11 постигнати голови и три асистенции на 20 натпревари во Ла Лига.

Тој е дел од Барселона од 2022 година, а претходно настапуваше за Лидс јунајтед, Рен, Спортинг Лисабон и за Виторија Гимараиш.

- Оглас -

Најнови вести