Абрамович имал дилема дали да го купи Челзи или Тотенхем, па послушал еден совет

Во летото 2003 година, во англискиот фудбал се појави Роман Абрамович, руски тајкун кој стана сопственик на Челзи за сума од 160 милиони евра. Интересно е што кога Абрамович решил да инвестира во англискиот фудбал, бил во дилема дали да го купи Челзи или Тотенхем. Тогаш свој совет до Абрамович дал некогашниот селектор на Англија, Свен-Јоран Ериксон.

„Ми се јави човекот кој е десна рака на Абрамович. Ме праша: Тотенхем или Челзи? Го прашав која му е целта на купување на клубот, а ми одговорија дека сака да направи клуб со кој ќе освојува титули. Тогаш го советував да го купи Челзи бидејќи така ќе мора да промени половина тим. Доколку го купеше Тотенхем, ќе мораше да ги смени сите играчи и да изгради целосно нова екипа“, открива Ериксон.

Со Абрамович на чело на Челзи, лондонскот клуб освои пет титули во англиската Премиер лига, пет ФА купа, три Лига купа, два Комјунити шилд трофеи и една титула во Лигата на шампиони во 2012 година.

 

- Оглас -

Најнови вести