Абрамович му постави ултиматум на Лампард, Челзи вечерва мора да победи

Челзи во новата авантура во Лигата на шампионите почнува со дуел на домашен терен против Севилја, моменталниот освојувач на Лигата на Европа. Доволно квалитетен противник да му создаде нови проблеми на менаџерот Френк Лампард, кој не ја започна најдобро новата сезона.

Челзи изминатово лето потроши најмногу од премиерлигашите за нови засилувања, дури 250 милиони евра, па сопственикот Роман Абрамович очекуваше дека екипата ќе заигра многу подобро и ќе биде поконкурентна во однос на минатата сезона.

Сепак, работите не се одвиваат според очекувањата, па затоа Лампард полека ја губи довербата кај управата и доколку наскоро не ја смени ситуацијата во своја полза, може да биде отпуштен.

Англиските медиуми веќе наведоа кандидат за смена на Лампард, тоа е екстренерот на Милан и Јувентус, Максимилијано Алегри. За да не се случи тоа, Челзи вечерва, а и во наредните триесетина дена треба да оствари што повеќе победи за Лампард да си ја спаси работата.

- Оглас -

Најнови вести