Абрамович не запира, Челзи го направи најскапиот трансфер во историјата

Женскиот тим на Челзи ја ангажираше Данката Пернил Хардер од европскиот вицепрвак Волфсбург и за неа плати отштета од околу 337.000 евра, што е светски рекорд за трансфер во женскиот фудбал. Можеби оваа сума е смешна за машки прилики (дури 658 пати помалку од машкиот рекорд кога Нејмар од Барселона премина во ПСЖ), но половата разлика во фудбалот е огромна, па оваа сума е невидена досега во женска конкуренција.

Челзи летово потроши многу милиони фунти за засилување на машкиот тим и овие 300.000 фунти за 27-годишната Хардер нема многу да го олеснат буџетот на клубот. Хардер, која во 2018 година беше прогласена за најдобра фудбалерка во Европа, во минатата сезона даде 38 гола на 33 меча, а нејзиниот вкупен биланс за три и пол години во Волфсбург е 105 погодоци на 114 настапи.

За селекцијата на Данска има 61 гол на 118 меча, а дебито како сениорска репрезентативка го имаше на 16-годишна возраст и направи хет-трик против Грузија во октомври 2009 година.

- Оглас -

Најнови вести