Абрамович објасни: Челзи од страв прифати да биде дел од Суперлигата

Челзи беше првиот клуб кој се реши, по само 48 часа од потпишувањето на договорот да биде дел од Суперлигата, но потоа се премисли. Илјадници навивачи на Челзи излегоа на протести, па дури се заканија дека нема да дозволат пристап на фудбалерите до стадионот на мечот против Брајтон.

Уште пред да започне дуелот, стигна веста дека газдата на Челзи, Роман Абрамович одлучил да се откаже од учеството во Суперлигата. Рускиот тајкун преку соопштение објасни за неговите две различни одлуки во неполни два дена.

„Нашата амбиција секогаш е да е бидеме најдобар клуб во светот, како на теренот, така и надвор од него. На тоа ја базиравме и одлуката за пристапување кон Суперлигата. Кога стана јасно дека ќе се формира нова лига, не сакавме да пропуштиме шанса Челзи да биде дел до такво натпреварување. Не сакавме да ризикуваме Челзи да заостане во однос на останатите англиски и европски ривали“, стои во соопштението на Челзи.

Челниците на Челзи откриваат дека одлуката да се повлечат од Суперлигата стигнала по реакцијата на навивачите кои жестоко се спротиставија и протестираа пред „Стемфорд Бриџ“.

„Откако се појави незадоволство, клубот застана и го слушна гласот на навивачите. Затоа и се решивме да ја промениме првобитната одлука за настап во Суперлигата“ пишува во соопштението на лондонскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести