Абрамович реши, од петок станува газда на клуб во кој игра македонски репрезентативец

Роман Абрамович е човекот кој во изминативе две децении успеа да го направи Челзи да биде еден од најдобрите не само во Англија туку и на европско ниво. Рускиот тајкун успеа да го направи Челзи двократен европски првак, а сега е и актуелен светски првак.

Сепак, војната меѓу Русија и Украина и санкциите кои руските државјани ги имаат поради тој воен конфликт се причина Абрамович да мора да го напушти Челзи. Сепак, Абрамович нема долго да биде надвор од фудбалот.

Според најавите од Турција, Абрамович во петок и официјално ќе биде промовиран за нов газда на екипата на Ѓозтепе. Оваа екипа сезонава игра слабо во турската Суперлига и по 31 коло е на 18-тото место на табелата само со 27 бодови.

Ѓозтепе заостанува дури девет бода зад последната екипа која е во зоната за опстанок, па ќе биде интересно да се види дали доаѓањето на Абрамович ќе биде мотив Ѓозтепе да направи чудо и да се спаси од испаѓање. Во екипата на Ѓозтепе прв напаѓач е македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ.

- Оглас -

Најнови вести