Абрамович се пресели во Истанбул, сака да купи еден турски клуб?!

Рускиот олигарх Роман Абрамович откако беше принуден да си замине од Велика Британија, сега живее во Истанбул и добил идеја да купи еден турски фудбалски клуб.

Додека живееше во Лондон, Абрамович го купи Челзи и со големи вложувања во Сините, направи доста успеси. Челзи во времето на Роман двапати беше европски првак, а англиската Премиер лига ја освои петпати.

Сега Абрамович живее во Истанбул, четирите јахти се закотвени на тамошното пристаниште, а времето ќе покаже дали тој навистина ќе стане газда на некој турски клуб или тоа е само желба на некои луѓе кои би имале интерес од такво нешто.

- Оглас -

Најнови вести